Денеска (24 март) околу 14 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 31-годишниот Ј.М.од Тетово, кој во 13 часот и 50 минути бил пријавен од 19-годишниот тетовец Б.П. дека околу 11 часот и 15 минути на улица Илинденска” во Тетово, физички го нападнал додека тој извршувал професионални снимателски задачи.
Приведениот Ј.М. задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.