четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен маж од тетовско, кај него најдени 1500 парчиња пиротехнички средства

Приведен маж од тетовско, кај него најдени 1500 парчиња пиротехнички средства
илустрација

На 29.12.2020 околу 18:25 часот во тетовско Пршовце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле  И.Ф.(55) од ова село, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени околу 1.500 разновидни пиротехнички средства.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен поднесок по Законот за заштита од експлозивни материи.