На 05.03.2021 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија, вo Тетово го лишија од слобода К.И. (30) кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана на територијата на Германија.
За делото кое е му се става на товар, според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.
Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.