четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен охриѓанец, запленети 3.260 парчиња петарди

Приведен охриѓанец, запленети 3.260 парчиња петарди

На 16.12.2021 година во 11.10 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го приведоа и лишија од слобода Р.Л.(21) од Охрид.

-При извршена контрола и преглед на неговото возило „Опел Комбо“, пронајдени и одземени се 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.