четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен штипјанец баран со две централни потерници за 6 години затвор

Приведен штипјанец баран со две централни потерници за 6 години затвор

Денеска (19.12.2022) во 00.25 часот на ул.„Карл Маркс“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода М.П.(31) од Штип.

За него биле распишани две централни потерници по наредба на Основен суд Штип за издржување вкупна казна затвор од шест години за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа за издржување на казната.