На 22.08.2022 во 12.10 часот на ул.„Черења“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле С.И.(29) од Штип. Тој бил баран по судска наредба за издржување затворска казна и по приведевувањето бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Струмица.
При преземањето мерки, полициските службеници биле попречувани од Џ.И. против кого, по целосно докумнетирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.