Денеска (17.05.2022) во 09:50 часот на ул.„Христо Татарчев” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(34) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.