вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец кој се барал со потерница за издржување три години затвор

Приведен скопјанец кој се барал со потерница за издржување три години затвор

Денеска (02.02.2022) во 12.45 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со припадници Воена полицијаод Армијата на РСМ го лишиле од слобода Д.А.(44) од с.Семениште, општина Сарај.

Тој се барал со Централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 123 во врска со член 24 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.