петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец кој украл електричен тротинет

Приведен скопјанец кој украл електричен тротинет

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Ш.Љ.(19) од Скопје.

Тој се сомничи дека одзел електричен тротинет од Р.Л.(49) од Скопје.

Одземениот тротинет бил пронајден и вратен на сопственичката.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.