вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец поради фалсификување пари

Приведен скопјанец поради фалсификување пари

На 25.08.2022 околу 15.20 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот О.И. од Скопје поради сомнение за „фалсификување пари“, кривично дело казниво по член 268 од Кривичниот законик.

-При лишувањето кај него се пронајдени и одземени 29 фалсификувани банкноти од по 100 евра. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од МВР.

Инаку, О.И. се сомничи, исто така, дека фалсификувани банкноти пуштил во оптек и на поширокото кичевско подрачје.