Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 21.30 часот на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје, го лишиле од слобода А.Н.(54) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.