Полицијата денеска попладне во 15:30 часот на улица „Беласица“ во Скопје го лиши од слобода 29-годишниот скопјанец Д.Е.
Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд – Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето Д.Е. ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.