петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец за издржување казна затвор

Приведен скопјанец за издржување казна затвор

Денеска (21.03.2022) околу 13:45 часот на ул.„Вардарска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(52) од Скопје.

Тој бил баран со потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 300, а во врска со член 297 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.