Полициски службеници од ЕВР Карпош, денеска во 17:00 часот на ул.„Иван Аговски“ во Скопје, врз основа на судска наредба го лишиле од слобода скопјанецот М.Н. (38) за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 156 став 3 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри.
Лицето, како што соопшти МВР, ќе биде спроведено во казнено поправна установа.