петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец- агресивно се однесувал кон полицајци, а имал и нож

Приведен скопјанец- агресивно се однесувал кон полицајци, а имал и нож

На 29.03.2023 во 21.50 часот на Плоштад Македонија од полициски службеници од Полициската станица Центар бил приведен Б.Г. од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а исто така при извршен преглед кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.