вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор од две години

Приведен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор од две години

Денеска (03.03.2023) во 12.35 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(25) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.