сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец- еве што било пронајдено во неговиот дом во Карпош

Приведен скопјанец- еве што било пронајдено во неговиот дом во Карпош

На 12.01.2023 во 18.40 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(39) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, бела грутчеста материја и семки од канабис.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.