Денеска (26.09.2023) во 00:30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.И.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.