четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец, кај него пронајдени пиштол и муниција

Приведен скопјанец, кај него пронајдени пиштол и муниција

Денеска (25.07.2023) околу 01.35 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.Ш.(20) од Скопје.

При преглед во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ со празна рамка и куршуми калибар 9 мм.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.