петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец: Му испраќал заканувачки пораки на сограѓанин

Приведен скопјанец: Му испраќал заканувачки пораки на сограѓанин

На 01.06.2023 во 16.15 часот во Скопје, по преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје, бил лишен од слобода А.И.(24) од Скопје.

Тој бил пријавен околу 13.00 часот од 56-годишен скопјанец дека преку мобилна апликација му упатил гласовни пораки со заканувачка содржина.

Во координација со Јавен обвинител лицето било приведено и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок, поради основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.