среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Приведен скопјанец по распишана централна потерница

На 27.02.2023 во 14.40 часот, полициски службеници ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.М.(34) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје и за него била определена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.