сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец по распишана централна потерница за издржување двегодишна затворска казна

Приведен скопјанец по распишана централна потерница за издржување двегодишна затворска казна

Денеска (14.09.2023) во 12.20 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(20) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години поради сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.