Полициски службеници вчера на влезот во Гевгелија, на граничниот премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија, поради превезување на мигранти.
Како што информираат од МВР, во патничкото моторно возило „шкода суперб“ со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал две лица мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан.
За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ. Лицата мигранти се сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.