среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен струмичанец, украл 663 кутии цигари од маркет

Приведен струмичанец, украл 663 кутии цигари од маркет

Полициски службеници од СВР Струмица денеска го лишија од слобода Г.П. (40) од Струмица поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица.

При претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот.

Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.