Полициски службеници на СВР Тетово вчера (18.04.2022) во 18.10 часот го лишиле од слобода К.В.(28) од Тетово, постапувајќи по пријава од Б.Ф.(20) од Тетово, според која тој околу 17.30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово физички го нападнал и му одзел накит.
К.В. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а накитот бил пронајден и вратен на Б.Ф.. По расчистување и документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.