Полициски службеници на СВР Тетово денеска (29 март) околу 11 часот и 30 минути , на улица „Мурат Бафтијари” во Тетово го лишиле од слобода 48-годишниот тетовец Г.А..При претрес извршен во неговиот дом и помошни простории со судска наредба, биле пронајдени 13 кеси со марихуана, со вкупна тежина од околу еден килограм, и три кесички со остатоци од бела прашкаста материја.
Г.А. е задржан во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.