На 28.02.2022 околу 12.20 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 54-годишниот тетовец Ш.А. поради сомнение дека истиот ден помеѓу 9 часот и 12.00 часот измамил 26-годишник од тетовско Седларево, од кого наводно сакал да купи возило, по што со друг изговор му побарал и добил извесна сума пари.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.