Вчера (08.12.2021) околу 20.50 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец Е.И..
Тој се барал по издадена судска наредба, за издржување на затворска казна.
Е.И. бил приведен во полициска станица, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.