недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен тетовец, донел малолетник во станица против негова волја

Приведен тетовец, донел малолетник во станица против негова волја

Вчера (9 април) во 18 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец Г.П. поради сомнение дека oд улица „Борис Кидрич“ во Тетово со неговото возило донел малоленик во Полициската станица Тетово против негова волја.

Подоцна, во 21 часот и 15 минути Г.П. пријавил дека околу 17 часот и 35 минути малолетникот физички го нападнал неговиот малолетен син, кој бил со друго малолетно лице и им ги оштетил телефоните.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.