Денеска (01.03.3023) околу 06.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот тетовец Џ.С.. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години и шест месеци за извршени повеќе кражби и тешки кражби.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.