четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен уште еден дилер со дрога во Кавадарци

Приведен уште еден дилер со дрога во Кавадарци
илустрација

Кај П.Ќ. (27) од Кавадарци полицијата денеска пронашла поголемо пакување амфетамини.

Подоцна во неговиот дом П.Ќ. предал уште уште пет пакувања амфетамин, подготвени за улична продажба и поголемо пакување на синтетичка дрога кристал – мет. Лицето е приведено и во координација со јавен обвинител од ОЈО Кавадарци против него ќе биде поднесена кривична пријава.