среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен велешанец поради „загрозување на сигурноста при семејно насилство“: Со остар предмет му се заканувал на внукот

Приведен велешанец поради „загрозување на сигурноста при семејно насилство“: Со остар предмет му се заканувал на внукот

На 13.03.2022 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Р.(66) од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство“.

Во семејната куќа во Велес, С.Р., по кратка вербална расправија, со остар предмет му се заканил на својот 37-годишен внук од Велес.

С.Р. е приведен во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.