На 01.03.2022 во 14.10 часот на бул.„Гоце Делчев“, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода Р.М.(19) од Скопје, со престој во прифатен центар Визбегово. Таа била затекната додека питачела со малолетно дете и се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
Со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, а бил известен и Јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.