четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведена измамничка од Скопје барана по потерница

Приведена измамничка од Скопје барана по потерница

Денеска во 11.30 часот на ул.„Новопроектирана улица“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Д.В.(39) од Скопје.

Таа била барана по Централна потерница од Основно јавно обвинителство Скопје за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.