Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“ на најпогодените подрачја – ЕВР Центар и Бит Пазар, ЕВР Карпош, ЕВР Гази Баба, ЕВР Ѓорче Петров, ЕВР Чаир и ЕВР Аеродром и Драчево.
Притоа, лишена од слобода била Е.С.(30) од Скопје, која била затекната со своето малолетно дете како питачи на булевар на подрачјето на Центар. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.