На 21.03.2022 во 15.30 часот на ул.„Васко Карангелевски“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје ја лишиле од слобода Д.Ѓ.(42) од Скопје.
Таа била барана со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Д.Ѓ. ќе биде спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната.