Кумановската полиција вчера ја приведе Д.А.(34) од Република Србија, која се сомничи дека извршила кражба во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, соопшти МВР.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Д.А. задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.