На 07/08.10.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција при Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар извршиле контрола на угостителски објекти на подрачјето на Центар во Скопје.
При контролата лишени од слобода биле 12 лица, и тоа: Ф.С.(21), Б.Л.(22) двајцата од Скопје и Д.Ч.(43) од Р.Турција, затоа што кај нив била пронајдена марихуана, Ѓ.Н.(41), Н.Г.(32), Д.С.(27), П.К.(24), Х.В.(38), А.К.(37) и Д.С.(23), сите од Скопје и И.Г.(42) од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин и Т.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и амфетамин.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.