Синоќа околу 19:30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на улица „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници.
Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла од вториот кат на автобусот.
Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од село Стајковци, скопско.
Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете групи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.