На 06.07.2023 во 18:50 часот на улица „Никола Тесла“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.С.(43), Ш.З.(55), И.Х.(55) од Гостивар, Н.А.(43) и И.Ц.(49) од гостиварско Србиново и Ф.С.(41) од гостиварско Чегране.
Приведени се поради сомнение дека на истата улица граделе објект без потребните документи.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.