вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени четири лица од Куманово осомничени за кражби во возила

Приведени четири лица од Куманово осомничени за кражби во возила

На 05.10.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Р.(20), М.И.(31), Р.Р.(27) и Д.Р.(31), сите од Куманово.

Тие се сомничат дека на 02.10.2023 на улица „Никшиќка“ во Куманово одзеле повеќе предмети од неколку паркирани возила.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.