Денеска (04.09.2022) полициски службеници од СВР Велес-Одделение за недозволена трговија со дрога и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на наплатната станица Сопот, на автопатот „Пријателство“запреа патничко моторно возило „рено лагуна“ со велешки регстерски ознаки, управувано од А.М. (37) од Велес, а како сопатник бил Д.С. (58) од Велес.
При извршениот преглед во возилото биле пронајдени две пакувања хероин. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл. 215 од КЗ.