На 22.07.2020 во 23.00 часот во близина на Граничен премин „Деве Баир – Граничен камен 94“, на место викано „Репетитори“, полициски службеници од Полициска станица „Деве Баир“ ги привеле Ф.В.(24) и К.Л.(29), двајцата од Р.Албанија, при обид за нелегално преминување на државната граница.
Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.