На 08.09.2021, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Н.А.(64) и С.А.(37), двајцата од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При извршениот претрес по судска наредба во домот на Н.А. и во угостителски објект била пронајдена и одземена марихуана.
По комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.