вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени двајца насилници од скопско, еве што направиле

Приведени двајца насилници од скопско, еве што направиле

На 08.12.2022, по преземени мерки и распишан централен распис од Единицата за насилен криминал, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.П.(36) од с..Сопиште, скопско и Ј.П.(34) од Скопје.

Тие се сомничат дека на 07.12.2022 на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје со уште едно лице физички го нападнале А.А. од Скопје и му нанеле тешка телесна повреда.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик.