На 10.02.2022 полициски службеници на СВР Tетово околу 11.45 часот на улица „146“ во Тетово го лишиле од слобода Н.А.(27), а околу 17:15 часот на улица „180“ во Тетово го лишиле од слобода В.С.(33), двајцата од Тетово.
За двете лица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворска казна.
И двајцата се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.