недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени двајца крадци во Струмица, кај нив пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела

Приведени двајца крадци во Струмица, кај нив пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела

На 13.09.2023 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.Р.(21) од Радовиш и Т.Ј.(18) од Штип. Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени во септември од лица од струмичко.

Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.