На 06.11.2021 во 14:10 часот полициски службеници на СВР Тетово ги привеле во полициска станица Е.М.(43) од гостиварска Долна Бањица и Б.И.(48) од Тетово, затоа што кај Е.М. биле пронајдени нож и метален боксирач, а двајцата немале документи за лична идентификација.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.