На 15.10.2021 во 23:00 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево ги лишиле од слобода М.Д.(28) и С.К.(21), двајцата од Делчево.
Приведени се затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.