На 18.02.2022 во 13.20 часот во Неготино, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Неготино го привеле З.Ш.(46) од Неготино за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
На 18.02.2022 во 14.10 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го привеле Д.П.(33) од с.Стојаково, општина Богданци, за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.